Дома Македонски спорт Мак фудбал Глигоров: Чест и привилегија е да се биде тренер на Вардар

Глигоров: Чест и привилегија е да се биде тренер на Вардар

Вчера Вардар по лошиот старт на сезоната го отпушти тренерот Горан Симов, а за нов в.д тренер беше назначен Никола Глигоров.

По назначувањето за прв тренер на Вардар, Глигоров зборуваше за клупскиот сајт.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


“Ми претставува огромно задоволство и привилегија што ја добив довербата од управата на клубот да бидам вршител на должноста шеф на стручен штаб на ФК Вардар. Во исто време ми претставува огромна одговорност пред целокупната јавност а посебно пред нашите најверни навивачи “Комити” чија поддршка многу ја ценам. Голема благодарност до досегашниот шеф Горан Симов за се што направи за ФК Вардар и нас колегите. Имам голема доверба во стручниот штаб и играчите и се надевам дека за брзо време ФК Вардар ќе се врати во првата лига и ќе освојува трофеи”, изјави Глигоров.

Коментари