Tренерот на Баерн ќе биде новиот селектор на Германија.
Флик на клупата на Германија ќе го наследи Јоаким Лев после претстојното Европско првенство. Оваа информација е позната од претходно, а Германците објавуваат и детали за договорот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Со Фудбалскиот сојуз на Германија Флик потпишал договор до 2024 година. Ова значи дека тој Германија ќе ја предводи во квалификациите за СП 2022 во Катар и квалификациите за ЕП во 2024 година. Потоа би требало да се разговара за нов договор во зависност од неговите резултати.
Работата во селекцијата на Германија не е непозната за Флик затоа што од 2006 до 2014 година му беше помошник на Лев во националниот тим. Во тој период Германија беше и светски шампион.
Ќе потсетиме, во Баерн ќе биде наследен од актуелниот тренер на Лајпциг Јулијан Нагелсман.