Во дресот на Лидс, Калвин Филипс играше одлично, но потоа откако се пресели во Манчестер Сити за него започнаа проблемите.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во јануарскиот преоден рок Филипс направи трансфер во Вест Хем, но ниту тука не е на нивото на кое што се очекуваше да биде. За Манчестер Сити претходно одигра само неколку натпревари, а неодамна откри дека тешко бил погоден од Гвардиола кој му ја срушил самодовербата.
На една од прес-конференциите во текот на сезоната Гвардиола изјави дека Филипс бил „дебел“ и таа изјава на шпанскиот стратег влијаела лошо на Филипс.
Сега, Гвардиола одлучи да му се извини.
„Навистина ми е жал, му се извинувам. Разговаравме лично и се обидов да му ја објаснам ситуацијата, не знаев дека така се чувствувам“, изјави Гвардиола.