Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола имаше успешна операција и рехабилитација во Шпанија, по која се враќа на клупата на премиерлигашот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Гвардиола го следеше последниот тренинг на „граѓаните“, па се очекува да биде на клупата и на мечот против Вест хем.
Стратегот на „граѓаните“ го оперираше грбот, а екипата во негово отсуство ја предводеше Хуан Мануел Лило.
Сити без Гвардиола ги совлада Шефилд јунајтед и Фулам, а во моментов се наоѓа на првата позиција со 12 бодови.
Премиерлигашот в сабота гостува кај Вест хем во Лондон, додека во вторник игра против Црвена Звезда во Лига на шампиони.