Пеп Гвардиола оваа сезона го однесе Манчестер Сити до титулата во Премиер лигата, а главната цел за следната сезона е јасна – освојување на Лигата на шампиони.
Каталонскиот стратег влегува во последната година од договорот со англискиот клуб, но истакна дека продолжувањето на договорот не е приоритет во овој момент.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ќе бидам овде и наредната сезона, тоа е сигурно. Имам уште една година од договорот и по завршувањето на сезоната ќе седнеме со раководството да направиме планови за следната сезона“.
„Новиот договор сега не е приоритет. Година дена е многу, не заминувам за седум дена или месец. Секако дека во иднина ќе зборувам со клубот и ќе одлучиме што е најдобро“, изјави Гвардиола.
Гвардиола е на кормилото на Манчестер Сити од 2016 година, а раководството на „граѓаните“ сака да го задржи каталонскиот стратег што е можно подолго на „Етихад“ и веќе му спреми нов договор.