Дома Актуелно Гвардиола нервозен – Луѓе ова не е нормално!

Гвардиола нервозен – Луѓе ова не е нормално!

Манчестер Сити синоќа помина уште една препрека на патот до титулата во ПЛ. На Етихад со резултат 3:1 совладан беше Ватфорд, што за Гвардиола беше 20. победа во оваа сезона.

Освен што после натпреварот беше среќен поради триумфот , Пеп Гвардиола ја искористи приликата да го скрене вниманието до надлежните за ненормално згуснатиот распоред во Англија во текот на новогодишните и божиќните празници.

„На овој начин ќе ги убиеме играчите. Федерацијата не мисли за фудбалерите, иако би морала. Играат по 11 месеци прес престанок и мора да бидат некако заштитени. Но знам дека ништо нема да се промени.“ – изјави Гвардиола и додаде:

„Знам дека таков распоред мора да постои овде, но луѓе, тоа не е нормално. Луѓето кои тоа го одлучуваат мора тоа да го сфатат.“

Манчестер Сити веќе на 6. јануари игра против Барнли во ФА Купот, три дена покасно против Бристол во Лига Купот, а за 14. јануари е закажан лигашкиот натпревар против Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Почина славен голман кој бранеше во Премиер лигата

Поранешниот чувар на мрежата на Вест Хем, Квинс Парк Ренџерс и репрезентацијата на Чешка, …