Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола смета дека битката за титулата не е завршена, и покрај фактот што неговиот тим има предност од 15 бода.
Денес неговиот најголем конкурент, Жозе Мурињо „крена бело знаме“ и изјави дека битката за титулата е завршена, но Гвардиола не се согласува со тоа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Има уште 13 кола, 39 бода кои можат да се освојат, а нашата предност е 15 бода. Ништо не е завршено. Ни остануваат многу тешки натпревари. На пример утре. Сите знаат дека е многу тешко да се игра против Барнли. Треба да му гостуваме и на Стоук, и на Евертон. Треба да играме со Арсенал, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Челзи. Дефинитивно битката за титулата е отворена“, смета Гвардиола.
Каталонскиот стратег додаде дека се уште не е јасно дали Давид Силва ќе игра против Барнли.