Лео Меси често се поврзува со трансфер во Манчестер Сити.
Претходното лето Граѓаните наводно имале спремен договор за аргентинската ѕвезда, но тој на крајот остана во Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фактот што Меси следното лето повторно може да го напушти каталонскиот клуб, ако тоа го посака, повторно носи шпекулации за него и Сити.
Меѓутоа, покрај Меси Пеп Гвардиола го сака и момчето кое го воодушеви фудбалскиот свет во претходните неколку години. Се работи за напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд. Норвешкиот напаѓач и оваа сезона е спектакуларен, а Гвардиола сака да го донесе во тимот следната сезона.
Халанд има опција да замине од Борусија за 75 милиони евра. Скоро и да нема голем тим кој не би ја понудил оваа сума, а покрај Сити за него интерес покажуваат Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.