Дома Фудбал Останато Гвардиола е тренер на векот, но знаат ли во Дубаи каде му беа најголемите успеси?

Гвардиола е тренер на векот, но знаат ли во Дубаи каде му беа најголемите успеси?

Во Дубаи во неделата беше одржана церемонијата на „Globe Soccer“ на која помеѓу останатото е избран и тренер на векот.

Титулата за најдобар играч на векот му припадна на Кристиано Роналдо, додека Пеп Гвардиола беше прогласен за тренер на векот. Шпанскиот стратег немаше време да допатува од Манчестер во Дибаи поради обврските во Сити.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Она што предизвика големо внимание е видеото на кое се прикажани најдобрите моменти од тренерската кариера на Гвардиола.

Имено, на видеото не беше прикажан ниту еден момент од неговиот период во Барселона каде што ги забележуваше најдобрите резултати.

Ова само ги подгреа шпекулациите дека организаторите на она што се случуваше во Дубаи се приврзани на Кристиано Роналдо и игнорираат се што е во врска со Барселона и Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Два поранешни премиерлигаши се враќаат во највисокиот ранг на англискиот фудбал

Бaрнли во понеделникот го победи Шефилд Јунајтед со 2-1 и си обезбеди промоција во Премиер…