Дома Фудбал Англија Гвардиол станува најплатениот хрватски играч во Европа?

Гвардиол станува најплатениот хрватски играч во Европа?

Хрватскиот стопер Јошко Гвардиол игра одлично во дресот на Манчестер Сити, а италијански „Тутомеркато“ повикувајќи се на англиски извори пренесува дека шампионот на Англија наскоро ќе го награди со нов договор.

Гвардиол, кој според актуелниот договор треба да остане во Сити до летото 2028 година според новиот би бил обврзан на верност до 2030.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хрватскиот репрезентативец сега заработува 132 илјади евра нето неделно или 6,8 милиони евра годишно (без бонуси), а Италијанците известуваат дека новиот договор би му донел дури 180 илјади евра неделно или 9,3 милиони евра годишно.

Со овој приход, Гвардиол би станал најплатен хрватски играч во Европа. Неговиот соиграч Матео Ковачиќ заработува 99.000 евра неделно, додека Лука Модриќ во Реал добива 90.000.

Кога се сметаат и хрватските фудбалери кои играат надвор од Европа, Марсело Брозовиќ е убедливо најплатен со дури 456 илјади евра неделно во Саудиска Ал Наср.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…