Joшко Гвардиол од денес и официјално е нов фудбалер на Манчестер Сити.
Со трансферот во редовите на „граѓаните“, Гвардиол стана најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот. Европскиот шампион на Лајпциг му исплати сума од 90 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За клупскиот сајт, Гвардиол веќе ја даде и првата изјава по потписот.
„Секогаш сонував дека еден ден ќе заиграм во Англија, навистина е чест да бидете дел од Манчестер Сити. Секој кој го гледаше овој тим минатата сезона, знае дека станува збор за најдобриот тим во светот. Освојувањето на триплетата е доволен доказ.
„Ова е посебен момент за мене и моето семејство. Воодушевен сум што ќе работам со Пеп. Знам дека се уште имам многу простор за напредок. Среќен сум и што ќе играм заедно со Ковачиќ“, изјави Гвардиол.