Maнчестер Сити сака да го освежи тимот откако освои тројна круна, а Јошко Гвардиол е голема желба на Пеп Гвардиола за последната линија од тимот.
Според информациите на фудбалскиот портал „Goal“ кој се повиквуа на информацијата на новинарот Флоријан Плетенберг од „Скај Спорт“, Гвардиол нема ништо против трансфер во европскиот шампион.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Наводно, германскиот бундеслигаш се согласил да го пушти хрватскиот дефанзивец ако пристигне понуда од 100 милиони евра. Од друга страна во Сити сакаат да ја завршат работата за 15-тина милиони помалку.
Гвардиол во Лајпциг пристигна во 2021 година како 21-годишник и за германскиот клуб одигра 87 натпревари во кои постигна пет гола и запиша три асистенции. Успеа со Лајпциг двапати да го освои германскиот куп, а освен со Манчестер Сити се поврзуваше и со Реал Мадрид, Ливерпул и Челзи. Неговиот договор со Лајпциг има важност до летото 2027 година.