Дома Фудбал Италија Гатусо: Срамота, не знам што да кажам друго

Гатусо: Срамота, не знам што да кажам друго

Тренерот на Милан, Џенаро Гатусо не е задоволен од натпреварот против Каљари.

Милан синоќа во 4. коло од Серија А ремизираше на гостувањето кај Каљари (1:1). Гонзало Игуаин во продолжението успеа да погоди, а домаќините имаа комплетна доминација во првите 30 минути.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


„Беше срамота она што го прикажавме во првите 20 минути. Да беше 2:0, тешко дека ќе успеавме да се вратиме. Имавме и добри периоди во натпреварот, но тие 20 минути беше катастрофа.“ – изјави Гатусо после натпреварот и додаде:

„Долг е патот до крајот на сезоната. Ако од ова можеме нешто да научиме, можеме нешто добро да направиме оваа сезона. Ако сакаш да бидеш кандидат за титула, не може вака да се однесуваш, а тоа ни се случи и претходната сезона.“

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Урнебесна ситуација во Загреб: Пожарникари спасувале навивач на Динамо кој заспал на стадион

Загрепските пожарникари споделија дека учествувале во интересна интервенција. Динамо го пр…