Дома Фудбал Италија Гатузо: Премалку спиев во овие 18 месеци, психички сум разбиен

Гатузо: Премалку спиев во овие 18 месеци, психички сум разбиен

Фудбалерите на Милан вчера на гости го победија СПАЛ со 3:2, но поради победите на Аталанта и Интер тоа не им беше доволно да се пласираат во Лигата на шампионите.

Милан наредната сезона ќе игра во Лигата на Европа што не беше цел пред почетокот на сезоната. На „Сан Сиро“ се надеваат дека конечно можат да се вратат во најелитното европско натпреварување, но тоа не се случи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најмногу критики после натпреварот добиваше тренерот Џенаро Гатузо кој е цела сезона беше под голем притисок. Гатузо призна дека е разочаран што клубот не се пласирал во Лигата на шампионите.

„И благодарам на екипата на која сум горд. Освоивме 68 бодови иако ме боли тоа што не се пласиравме во Лигата на шампионите. Оние што се задолжени за тоа нека ја анализираат мојата работа како тренер. Ќе имаме состанок и ќе разговараме, сакам да слушнам што мислат за мојата работа. Правевме грешки во теко на сезоната, а во иднина мораме да ги правиме што помалку“.

„Ова беше позитивна година и јас верувам во тоа. Жал ми е што не продолживме на исто ниво како во изминатите три месеци. Некои играчи играа под нивото на своите можности, но и понатаму имаме потенцијал. Не сум сигурен дали со овој тим можеме повеќе од овие 68 бодови“.

„Сите знаат дека со Милан имам голема историја. Чуствував повеќе притисок отколку што требаше. Премалку спиев во изминатите 18 месеци и психички сум разбиен, тоа е нешто кое треба да го земам во предвид и за кое треба да размислам“, изјави Гатузо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…