Дома Фудбал Италија Гатузо после киксот во Парма: Можеби не сум доволно добар тренер!

Гатузо после киксот во Парма: Можеби не сум доволно добар тренер!

Милан на гостувањето во Парма одогра 1:1 и загуби два драгоцени бода во битката за пласман во Лигата на шампиони.

„Росонерите“ поведија со голот на Кастиљехо во 59-та минута, но во 87-та минута Бруно Алвеш постигна прекрасен гол од слободен удар за конечни 1:1.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Првото полувреме беше премногу бавно. Парма се затвори, а ние немавме идеја. Имавме среќа и постигнавме гол, но Парма заслужи бод. Малку бевме наивни и не смеевме да ја испуштиме предноста. Можеби јас не сум доволно добар тренер, но се обидувам да им објаснам на играчите колку се важни деталите и малите работи во фудбалот“, изјави Гатузо.

„Јас сум објективен и сакам да ги кажам работите онакви какви што се. Очекував да покажеме повеќе на овој натпревар, иако знаевме дека Парма е незгоден противник. Немавме среќа кај голот на Кутроне, беше офсајд, но одлучуваа милиметри. Сепак, ова не е трагедија, се уште сме во игра за место кое води во Лигата на шампиони“, заклучи Гатузо.

Милан во среда игра против Лацио во реванш полуфиналето во Купот на Италија, а потоа му гостува на Торино следниот викенд во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Навивач на Партизан загина на фронтот во Украина, „Гробари“ ги открија неговите последни зборови

Тажна вест беше објавена на официјалниот Инстаграм профил на навивачката група Гробари. На…