Дома Фудбал Лига на шампиони Газдата на Интер им вети богата премија на фудбалерите ако ја освојат Лигата на шампионите

Газдата на Интер им вети богата премија на фудбалерите ако ја освојат Лигата на шампионите

Се поблиску сме до финалето во Лигата на шампионите во кое силите ќе ги одмерат Интер и Манчестер Сити. Со оглед на форма фаворит е англискиот гигант, но секако дека Италијанците нема предвреме да се откажат.

Италијанските медиуми пренесуваат дека газдата на Интер им ветил бонус од дури 10 милиони евра на фудбалерите за освојување на најпосакуваниот европски клупски трофеј.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Интер последен пат ја освои Лигата на шампионите пред 13 години кога од клупата беа предводени од Жозе Мурињо, а дел од тимот беше и македонската фудбалска легенда Горан Пандев.

Ретко кој очекуваше „нероаѕурите“ сезонава да стигнат до финалето, а сега имаат шанса и да го повторат големиот успех од таа 2010-та.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Анчелоти го најде виновникот за лошото деби со Бразил

Карло Анчелоти направи кикс на новиот почеток на 66 години. Во првиот натпревар како селек…