Дома Македонски спорт Мак фудбал Газдата на Вардар: До февруари-март клубот ќе нема долгови, се уште го правиме тимот кој ќе го води клубот

Газдата на Вардар: До февруари-март клубот ќе нема долгови, се уште го правиме тимот кој ќе го води клубот

Eкипата на Вардар претрпе големи промени во изминатиот период, а дојде и нов газда, сопствникот на „Блу Скај“, Слободан Крстевски.

Сега Крстевски во интервју за спортското радио „90.3 ФМ“ зборуваше на повеќе теми.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Ова превземање на Вардар е голем чекор и за мене и за мојот тим. Се нафативме од љубов кон Вардар, кон фудбалот, затоа што гледаме просперитет и успешна приказна во клубот. Со многу работа и голема посветеност можеме да постигнеме големи успеси. Се уште го правиме тимот кој ќе го води клубот. Чекаме да заврши полусезоната, па потоа би требало да бидеме комплетни. Не сакаме да брзаме, сакаме да ги одбереме вистинските имиња, за вистинските позиции“.

За финансиската ситуација.

„Не е тајна дека се уште имаме долгови. Во мојот договор со Самсоненко за една година треба да ги вратиме долговите, но мислам дека тоа ќе го направиме и порано. Според планот, некаде до февруари-март ќе ги анулираме долговите кои се во висина од околу 2,5 милиони евра. Оние најприоритетните се покриени за да можеме да функциониреме. По Нова година, полека, сите долгови ќе се исчистат и треба да се стабилизира ситуацијата“, зборува Крстевски во интервјуто.

Фото: ФК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Невил убеден: На Гвардиола мора да му ветиле спектакуларни засилувања

Maнчестер Сити е во најголемата криза откако Пеп Гвардиола е во клубот, „граѓаните“ нанижа…