Познатиот француски тенисер Гаел Монфис потврди дека поради повреда нема да учествува на последниот Грен Слем турнир оваа сезона.
УС Опен започнува на 29 август, а Монфис поради повреда нема да настапи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Последните лекарски прегледи кои беа направени по враќањето од Европа се донесе заклучок дека нема да можам да играм на УС Опен“, објави 35 годишниот тенисер.
Повредата Монфис ја заработи на турнирот во Монтреал, во Канада тој се врати после пауза од три месеци. На минатогодишниот УС Опен, Монфис беше елиминиран во третото коло од Јаник Синер.