Започна првиот овогодинешен гренслем турнир „Австралија Опен“ во мечевите видовме најголем број победи на фаворитите, но и еден шокантен пораз на десеттиот носител, Гаел Момфис.
Французинот по четири часа игра изгуби од финскиот дебитант Русувуори со 2-3 во сетови (6:3, 4:6, 5:7, 6:3, 3:6). Ова беше седми пораз во исто толку средби за Монфис од почетокот на сезоната и тоа покажува дека се наоѓа во огромна криза.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На прес-конференцијата после натпреварот Монфис не можеше да ги задржи солзите.
„Немам самодоверба, играм слабо, не сервирам како што треба, не удирам форхенд како што сакам…Зошто!? Не знам, сигурно има милион причини, но главната е веројатно што не верувам во себе. Барам милост, не сакам да се фрла со камења по мене. Работам, се обидувам, но не ми оди…Би сакал да се разбудам и да кажам пред сите вас дека ова е еден голем кошмар, но еве исто е. Кога некој е долу, немојте уште повеќе да го газите“, изјави Монфис.
EMOTION from @Gael_Monfils 👊
— Wide World of Sports (@wwos) February 8, 2021
More than just a game.#9WWOS #AusOpen pic.twitter.com/dJmmxdz4CT