Бразилскиот фудбалер Дани Алвес вчера предизвика бура кај медиумите после изјавата дека веднаш ќе се врати во Барселона ако добие повик.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Алвес го напушти каталонскиот клуб пред две години и не остана во најдобри односи со челниците на клубот. Бразилецот прво ги прозиваше челниците на Барселона бидејќи не го третирале онака како што заслужува, со што едноставно го натерале да го напушти клубот.
После вчерашната изјава дека би се вратил во Барселона настана тотален хаос на социјалните мрежи. Сепак, Алвес одлучи денеска да го објасни значењето на неговата изјава.
„Враќање во Барселона? Смирете се луѓе, знам дека им недостигам и знам дека е тешко да живеете без ‘добар лудак’. Исто така знам дека и недостигам на АС, Марка и многу други новинари. Кога кажав дека Барселона е мојот дом, дека е во моето срце и дека утре би се вратил тоа е едноставно доказ за љубов која ја имам спрема овој клуб. Што се однесува за мојата епизода во Барса тоа е сега историја. Ахх, само да не заборавам да кажам Visca Barca хаха“ – напиша Алвес на својот Инстаграм профил.