Словенечкиот судија Дамир Скомина од вчера сигурно не е омилена личност во Париз.
Скомина во вчерашниот натпревар во судиското продолжение после прегледувањето на ВАР снимките покажа на белата точка. Најсторгата казна во гол за четвртфинале ја претвори Маркус Рашфорд.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нејмар на друштвените мрежи жестоко ги нападна судиите и поради тоа веројатно го чека казна од УЕФА.
„Ова е срамота. Поставувате четворица судии кои не разбираат фудбал и кои се гледаат на снимки. Невозможно! Како човек да ги постави рацете ако е свртен со грб? Еб*те се“, напиша Нејмар после завршувањето на натпреварот.
Neymar didn't hold back. pic.twitter.com/MVWzfT8xJb
— ESPN FC (@ESPNFC) March 7, 2019
Според дисциплинскиот правилник Бразилецот би можел да добие казна од три натпревари поради навредување на судијата, но она што го направил после последниот судиски свиреж може да му донесе уште поголема казна.
„РМЦ“ денес објави дека Нејмар тргнал да се пресметува со судиите. Бразилецот дошол пред просториите на судиите, но луѓето од ПСЖ го спречиле во намерата да направи скандал.
Судискиот извештај сигурно ќе дојде до УЕФА. Прашање е што се ќе пишува таму, а Нејмар би можел да се соочи со жестоки санкции.
Не бил Бразилецот единствен кој правел нереди после натпреварот. Сопственикот на клубот, Насер Ал Келаифи бил исто така бесен поради се што се случувало. Тој сметал дека неговиот тим е ограбен, а фрустрациите ги „истурил“ на вратата од соблекувалната која била целосно демолирана.
На крајот се ќе зависи од извештајот на Скомина. Нејмар ќе добие казна поради навредите на социјалните мрежи, но ако биде пријавен за напад на служебени лица тогаш сигурно УЕФА ќе биде немилосрдна.
Neymar was rattled ??? pic.twitter.com/bY56PD03F3
— yea aite (@ChuckWest) March 6, 2019
Дисциплинската комисија за казните ќе одлучува на состанокот на 28-ми март.