
Легендарниот Веселин Вујовиќ на големо изненадување го напушти кормилото на ППД Загреб иако имаше тригодишен договор со хрватскиот клуб.
После неговото заминување од Загреб некои медиуми почнаа да шпекулираат дека би можел повторно да се врати на кормилото на Вардар.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Миленикот на „Комити“ во разговор со црногорските медиуми не ја исклучи можноста да се врати во Скопје.
„Прво сакам да кажам дека заминувањето од Загреб воопшто не е некаков трик за да го преземам Вардар. Имам семејни работи кои во следните неколку месеци мора да ги завршам“.
„Што се однесува околу шпекулациите за враќање во Вардар, тие гласини беа активирани уште веднаш откако беше објавено враќањето на Михајловски. Не ја исклучувам можноста да се вратам во Вардар, откако ќе ги решам моите приватни проблеми“, изјави Вујовиќ.