Еден од најпознатите ракометни тренери Веселин Вујовиќ во разговор со „Спортски журнал“ зборуваше за учесниците на Светското првенство (СП).
Вујовиќ зборуваше за шансите на Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија, а притоа кажа дека избраниците на Кире Лазаров играат модерен ракомет, но неискуството ќе им биде голем противник.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Македонија направи смена на генерациите. Можеби нема да постигне посериозен резултат, но ќе биде тежок противник.
Македонците играат модерен ракомет, но на децата на Лазаров им треба време за да пораснат“, кажа Вујовиќ.
Македонија игра во група со Норвешка, Холандија и Аргентина.