Металург го забележа вториот пораз во рамки на натпреварувањето во Лигата на шампионите. Ракометарите под водство на Лино Червар синоќа беа поразени во арената „Борис Трајковски“ од Бешикташ со 31:27 (14:14).
Металург само периодично против турскиот шампион ја имаше инцијативата на својата страна, но поголем дел од натпреварот играчите на Лино Червар беа тие кои ја бркаа предноста на противникот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Текот на натпреварот и конечниот резултат го одредија и голманите, Арсиќ имаше скромни четири одбрани, додека на голот на Бешикташ блескаше Хендави, тој имаше 13 интервенции (од нив три седмерци).
Бешикташ во првото полувреме ја одржуваше разликата од два до три гола, на при крајот на првиот дел гостите имаа 10:14, кога Метлург со серија од четири гола избори егал по 30 минути 14:14.
Првиот дел од второто полувреме му припадна на Металург, но предноста од два гола (19:17), Бешикташ експресно ја стигна, а на пет минути до крајот ги реши дилемите околу победникот кога создаде предност 24:29.
Металург наредниот натпревар ќе го одигра на 30.септември кога во Скопје ќе го пречека Спортинг Лисабон.