Велосипедистот Мајкл Голертс доживеа срцев удар на трката во Париз.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Белгиецот се наоѓа во критична ситуација откако доби срцев удар на денешната трка, а камерите го забележаа како безпомошно лежи покрај стазата.
„Падна на стазата и мораше да се откаже. Пренесен е во болница. Толку за сега.“ – соопштија од неговата екипа.
Информациите кои доаѓаат од Франција тврдат дека состојбата на несреќниот велосипедист е тешка и загрижувачка и дека сите се молат за неговиот живот.
Предупредуваме дека снимките се вознемирувачки.