Во што се претвора фудбалот…После ова може да си го поставиме прашањете – има ли граница!?
Навистина вакви работи е тешко да се коментираат, но она што се случува во фудбалскиот свет и начинот на кој одредени поединци заработуваат навистина – НЕ Е ЗА ВЕРУВАЊЕ!
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имено, ако Нејмар им аплаудира на фановите после натпреварот, поклонува дресови, го почитува етичкиот кодес со насмевка за фановите, дели автограми – добива бонус од – 375.000 евра!
Тука се подразбира и добар однос со медиумите, но и избегнување обложување на натпреварите на неговиот клуб.
Нејмар не е единствениот кој има награда за однесување, слично е и во договорот со Тиаго Силва, но неговата сума е многу помала, 33.000 евра.
Значи, во свет во кој дел од играчите може да се каже дека се арогантни, со слушалки во уши без посебен респект за фановите, лажната насмевка и аплауз дополнително ги наплаќаат.
Едноставно – „No comment“…