Дома Македонски спорт Во Шкотска воодушевени: Абердин на тандем како Миовски и Дук чекаше 30 години!

Во Шкотска воодушевени: Абердин на тандем како Миовски и Дук чекаше 30 години!

Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски игра одлична сезона во Абердин, но нашиот напаѓач има и одлична поддршка од соиграчот Дук од Зеленортските острови.

Мивоски и Дук заедно учествувале во 40 погодоци на Абердин во сите натпреварувања, таков тандем Абердин немал цели 30 години. Последни кои имаа ваков ефект беа Данкан Ширер и Скут Бут кои заедно постигнаа над 40 голови во сезоната 1992/1993.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Само со головите Миовски и Абердин имаат ефект од 34 гола, по 17 во сите натпреварувања, но до крајот на сезоната има уште цели два месеци, па веројатно и ќе ја надминат границата од 40.

Македонскиот напаѓач сезонава од тие 17 голови, 15 постигна во првенството, а додаде и три асистенции, Дук постигна исто така 15 во првенството со четири асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…