Новак Ѓоковиќ вчера со 2:0 во сетови славеше против Каспер Руд во финалето на завршниот АТП мастерсот, а помеѓу навивачите на трибините имаше и Македонци.
По завршувањето на мечот автограм од Новак доби и македонскиот фан Димитар Бадев. Додека го чекаше автограмот тој му довикуваше на Новак дека цела Македонија навива за него на што српскиот тенисер му се заблагодари.
Коментари