Дома Актуелно Во САД бесни: Ова е СРАМ, половина милијарда долари за што, за ова!? (ВИДЕО)

Во САД бесни: Ова е СРАМ, половина милијарда долари за што, за ова!? (ВИДЕО)

Поранешниот репрезентативец на САД, Тејлор Твелман, беше видно изнервиран после поразот на националниот тим од Тринидад и Тобаго од 2:1, после што Американците останаа без пласман на Светското првенство прв пат после 1986 година.

„Од поодамна требаше да се симнат маските, вистинските критики мораа да стигнат порано. После натпреварот против Бразил се отвори дискусија, дали можеме да се надигруваме со селекции како што се Колумбија, Белгија и Аргентина, дали вие се шегувате со мене? Не можеме да го победиме Тринидад и Тобаго! Што ни е правиме?!“, беснееше 37 годишниот Твелман кој сега работи како аналитичар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Потоа Твелман кажа дека американскиот фудбал како систем не бил спремен за овие квалификации и додаде..

„Не беа подготвени за овие квалификации, сите тие фудбалери ќе имаат кошмари до крајот на животот. Со толкави суми на пари кои се вртат во МЛС и во фудбалот, повеќе од милијарда долари, не можеме да одиграме реми против Тринидад? Тогаш е јасно и едноставно, ние не заслуживме да играме на Светското првенство“, зборуваше Твелман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Кошаркарите на Денвер ги изненадија навивачите – се загреваа во папучи: Еве и зошто

Екипата на Денвер изминатата вечер беше поразена од Лејкерс кој така успеа да намали со 3:…