Дома Фудбал Италија Во Наполи донеле конечна одлука за Гарсија

Во Наполи донеле конечна одлука за Гарсија

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис според најавите од Италија одлучил да му даде шанса на тренерот Руди Гарсија.

Руди Гарсија има очаен старт во Неапол, а на последниот натпревар во Серија А тимот беше поразен од Фиорентина со 1:3. Наполи во овој момент се наоѓа на петтото место на табелата со седум бодови помалку од Милан.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


По натпреварот Гарсија беше критикуван зошто не му дава шанса на Елмас. Денес медиумите во Италија пишуваат дека Гарсија имал состанок со раководството на Наполи на кој било одлучено да остане тренер.

Во следното коло од Серија А на 21. октомври Наполи ќе игра на гости против Верона, а потоа против Унион Берлин во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…