Малку недостасуваше Марио Балотели да стане член на Марсеј уште летот, но работата се искомлицира, па Италијанецот овој јануари се пресели на „Велодром“.
Балотели успеа да постигне погодок на своето деби за Марсеј, но тоа не беше доволно за поволен резултат бидејќи неговиот тим загуби од Лил со 2:1.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претедателот на Марсеј Џек-Анри Ејруд смета дека најдобро од Балотели допрва следува.
„Среќен сум поради Балотели и неговото доаѓање, тој е играч кој го чекав и кој го посакував во Марсеј и јас не бев единствен. Многу сум среќен поради неговото доаѓање, перфектно се вклопи во тимот. Постигна погодок во првите минути поминати на теренот“.
„Тоа беше одлична сатисфакција за него, но и за нас и за навивачите на Марсеј. Мислам дека најдоброто од него допрва доаѓа“, изјави Ејруд.