Студентите на кинескиот Универзитет Цингхуа не можат да дипломираат ако не го положат испитот по пливање на 50 метри, а стилот на пливање не е важен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Студентите на престижниот Универзитет, што се смета за Харвард во Азија, ако не го поминат испитот по пливање нема да можат да ја искористат и можноста за студирање во странство.
За испитот се организираат подготовки, како и за другите испити, а тие се за време на летниот распуст, кога посетуваат часови по пливање.
– Ова одлука ќе придонесе студентите да бидат поздрави и да бидат во форма. Сличен испит беше одржан во 1915 година кога почна наставата на Универзитетот, но поради недоволните капацитети за пливање и намалениот број студенти, беше укинат испитот.