Ларс Кнудсен ја предводеше селекцијата на Данска како замена за Мортен Вегхорст кој е на боледување поради стрес.
Со Кнудсен покрај аут линијата Данците забележаа две победи со Швајцарија и Србија, па поради тоа наводно размислуваат и да го остават на клупата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вегхорст се уште не дебитирал откако го наследи Хјулманд кој беше селектор на Европското првенство, но можеби и нема да го дочека своето деби.
„Не размислував за натпреварите во октомври. Бев потполно фокусиран да ги завршам овие задачи со тимот. Мило ми е дека сè мина добро. Сега ќе земам слободен ден, ова беше фантастично искуство“, изјави Кнудсен.
Инаку, Кнудсен во клупската кариера работи како помошник во Аугусбург.