Напаѓачот на Јувентус Душан Влаховиќ по завршувањето на Светското првенство би можел да направи трансфер во Премиер лигата, тврдат медиумите на Островот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Јувентус во јануари плати 80 милиони евра за Влаховиќ, но српскиот напаѓач не се снаоѓа баш најдобро, наводно играта на тимот воопшто не му одговара и е спремен да ја промени средината.
Јувентус исто така е спремен да слушне понуди бидејќи е во финансиски проблеми после големиот скандал, а најсилен интерес за Влаховиќ покажува Манчестер Јунајтед.
Тен Хаг е во потрага по врвен напаѓач после заминувањето на Роналдо, а „црвените ѓаволи“ се спремни да понудат 80 милиони фунти за Србинот.