Португалскиот тренер Андре Виљаш Боаш е вмешан во скандал со дpога, а полицијата отворила истрага.
Имено, бил испратен коверт во кој имало xaшиш, a eдна од адресите била онаа на португалскиот стратег.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Полицијата смета дека Боаш не е дел од ова туку дека некој прави скандал со неговото име.
Причините за кои се шпекулира дека му се мести скандалот се политички.
Во едно интервју пред извесно време изјави дека би се кандидирал за градоначалник на Порто во 2024 година.
Кариерата како тренер Боаш ја започна во Академика и Порто, потоа беше тренер на Челзи, Тотенхем, Зенит, Шангај СИПГ и Марсеј. Во овој момент е без клуб и очигледно се насочува кон политиката.