Маверик Виналес стигна до првата победа оваа сезона на Мото ГП откако триумфираше за Големата награда на Холандија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Возачот на Јамаха 25. кругови на стазата во Асен ги помина за нешто повеќе од 40 минути.
Во една возбудлива трка Виналес триумфираше пред Марко Маркез и Фабио Квартараро кој неколку кругови беше на лидерската позиција.
Валентино Роси беше еден од трагичарите со оглед на тоа дека во 11. круг излета од стазата, а заедно со него го исфрли и Накагами на кој му беше укажана и лекарска помош.
Со оглед на тоа дека Андреа Довициозо низ целта помина како четврти, Маркез со освоеното второ место дополнително се зацврсти на водечката позиција во генералниот пласман.