Дома Останати Вимблдон без Руси и Белоруси и следната година?!

Вимблдон без Руси и Белоруси и следната година?!

Раководството на Вимблдон е подготвено да им забрани учество на руските и белоруските тенисери на Грен слем турнирот во Лондон и следната година, пренесуваaт тамошните медиуми.

И покрај фактот што одлуката за годинешното издание предизвика бурни реакции па дури и беше платена парична казна во износ скоро 800.0000 фунти организаторите на турнирот размислуваат забраната да важи и за следната година.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Инаку Британската тениска асоцијација планира да се жали на паричната казна, но се уште не е објавено кога жалбата ќе биде поднесена до Судот за спортска арбитража во Лозана.

Конечната одлука сепак ќе зависи од препораките на владата на Велика Британија и доколку санкциите останат на сила и во следниот период забраната најверојатно ќе важи и за следниот турнир.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ: Другите ги казнуваат со години, а Синер само три месеци

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ зборуваше за допинг скандалот на Јаник Синер порано оваа го…