Дома Трансфер зона Виктор Мозес пронајде клуб: Челзи го испрати на нова позајмица

Виктор Мозес пронајде клуб: Челзи го испрати на нова позајмица

Нигерискиот фудбалер Виктор Мозес по шести пат го напушти Челзи и повторно е испратен на позајмица.

Мозес минатата сезона ја помина на позајмица во Интер, но италијанскиот клуб не го откупи неговиот договор па тој се врати во Челзи. Во лондонскиот клуб повторно немаше место за него и одново го испратија на позајмица.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нигериецот одлучи да се проба во Русија и наредната сезона ќе игра во Спартак Москва. Овој клуб ќе може да го доведе бесплатно идното лето кога му истекува договорот со Челзи.

Мозес во Челзи пристигна во 2012 година од Виган, но не се наигра премногу. Челзи го испраќаше на позајмици во Ливерпул, Стоук, Вест Хем, Фенербахче и Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…