Дома Фудбал Италија Виери: Интер за неколку години ќе го намали заостанувањето зад Јувентус

Виери: Интер за неколку години ќе го намали заостанувањето зад Јувентус

Легендарниот напаѓач на Интер, Кристијан Виери смета дека неговиот поранешен клуб за неколку години ќе го намали заостанувањето зад Јувентус.

Да потсетиме, италијанските медиуми го претставуваа Интер пред почетокот на сезоната како екипа која со Старата дама ќе се бори за Скудето, но после неколку кола беше јасно дека од тоа нема ништо.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Сепак, Виери смета дека Интер за неколку години ќе биде силен како Јувентус.

„Верувам дека за неколку години Интер ќе го намали заостанувањето зад Јувентус. Сепак, Интер се уште е трети. За година ипол под водство на Спалети, Интер се многу промени во позитивна смисла и многу е подобар од пред неколку години.“ – изјави Виери.

Да потсетиме, овој легендарен напаѓач своевремено ги носеше дресовите на Интер и Милан. Член на Нероаѕурите беше од 1999. до 2005., а на Росонерите во сезона 2005/06.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анчелоти прв разбра каков товар го чека Модриќ, го замоли Перез и доби ладен одговор: “Не!”

Карло Анчелоти се соочува со потенцијално отпуштање од клупата на Реал Мадрид и неговото з…