Дома Фудбал Англија Видиќ искрен: Јунајтед нема шанси за титулата!

Видиќ искрен: Јунајтед нема шанси за титулата!

Некогашниот капитен на Манчестер Јунајтед, Немања Видиќ смета дека неговиот бивши клуб нема шанси да ја освои титулата во Премиер лигата.

Легендарниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед изјави дека разликата од 12 бода помеѓу „црвените ѓаволи“ и Челзи е преголема.

„Реално, Јунајтед е надвор од трката за титулата. Тоа е моето мислење. Но, охрабрувачки е како играме во последните неколку недели. Ако продолжиме вака тогаш пласман во Топ 3 е реална цел“, изјави Видиќ.

Србинот во изјавата за „ESPN“ го коментираше и ремито со Ливерпул (1:1) на „Олд Трафорд“.

„Во првото полувреме игравме добро, имавме три или четири шанси, но не ги искористивме. Доколку сакате да победите, мора да ги користите шансите. Во второто полувреме не игравме толку добро но дадовме гол преку Ибрахимовиќ. Уште еднаш ја покажа својата класа. На крајот 1-1 беше фер резултат“, заклучи Видиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Португалија зборува за денешниот потег на Кристијано Роналдо!

Кристијано Роналдо привлече големо внимание на последниот тренинг на репрезентацијата на П…