Вардарци полесно од очекувањата успеаа да слават во дуелот со екипата на Брест Мешков (33:24) и да се пласираат во големото финале на СЕХА-лигата. Повеќе од заслужен триумф за црвено-црните, со оглед дека во текот на целиот натпревар имаа предност, а истовремено не му дозволија ниту во еден момент на противникот да биде во позитива. Оваа победа изразена со голема разлика, ја направи Арпад Штербик, кој го заврши натпреварот со дури 19 успешни интервенции, со што заслужено е прогласен од страна на СЕХА, за играч на овој полуфинален дуел.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Погледнете само дел од неговите магични одбрани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Познати противниците на Македонија на СП 2027

Македонската ракометна репрезентација ги доби противниците за Светското првенство 2027, по…