Дома Македонски спорт (Видео) Шкендија се прости со пораз, Кутроне стрелаше на „Филип Втори“

(Видео) Шкендија се прости со пораз, Кутроне стрелаше на „Филип Втори“

Екипата на Шкендија од Лигата на шампионите се прости со минимален пораз од 0:1 против италијанскиот гигант на Милан.

Клубот од Тетово не можеше да направи апсоултно ништо против седумкратниот европски шампион и со вкупни 7:0 беше елиминиран од Лигата на Европа.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Милан иако со комбинаран состав успеа да стигне до минимална победа, а стрелен на единствениот гол беше младиот Патрик Кутроне. Гостинот од Италија беше подобар и во овој натпревар, но и нашиот претставник на моменти знаеше да се закани.

Шкендија во првото полувреме се закануваше преку Радески, додека Милан најзрелата шанса освен погодокот на Кутроне во првиот дел ја имаше преку Силва, но Захов успеа да го одбрани неговиот удар.

Најголемата шанса Шкендија да постигне гол против Милан ја имаше преку Алими, но Марко Сторари одлично го сочува сочува својот гол, потоа следуваше и удар на Ибраими од далечина кој не донесе премногу опасност.

Потоа следуваше период на мирна игра, а Милан успеа да ја сочува предноста до крајот на натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…