Еден ден по крвавиот напад во Истанбул во кој загинаа неколку десетици припадници на специјалната полиција во близина на стадионот на Бешикташ, фудбалерите на Галатасарај направија потег со кој го воодушевија светот.
Имено, натпреварот меѓу Галатасарај и Газиантепспор почна со една минута молк, а потоа секој играч на домаќините му подари цвет на специјалците.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Потоа, кога Јасин Озтекин постигна гол ја поздрави публиката со војнички поздрав, а потоа прегрна тројца припадници на специјалната полиција.