Вечерва беа одиграни ¼ финалните натпревари во Лигата на Европа во кои и тоа како беше интересно.
Вистинска голеада гледавме на „Велодром“ каде што Марсеј ја надополни негативата од 0:1 во првиот натпревар со победа од 5:2.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овој натпревар имаше фуриозен старт! Брума уште во втората постигна гол за водство на Германците од 0:1. Сепак, во следните неколку минути бевме сведоци на експресен пресврт на Марсеј. Прво Исланкер си постигна автогол во шестата минута, а три минути подоцна Сар погодува за 2:1.
За нов гол се чекаше до 38 минута кога Таувин му носи предност на Марсеј од 3:1 и за прв на натпреварот резултат кој го води во полуфиналето.
Лајпциг се врати со голот на Агустин во 55 минута, но веќе пет минути подоцна Димитри Паје со велемајсторски удар погодува за конечни 4:2. Конечни 5:2 ги постави Сакаи во последните моменти од натпреварот.
Тимот на Салзбур успеа да ја анулира предноста на Лацио од првиот натпревар 2:4 и со победа од 4:1 да го елиминира.
Сите пет погодоци на оваа средба беа постигнати во првиот дел. Чиро Имобиле го доведе Лацио во водство во 55 минута, меѓутоа радоста на Италијанците траше кратко – Дабур изедначи во следниот напад.
Следните три погодоци беа постигнати во период од само четири минути од 72 до 76 минута, а стрелци беа Хаидар, Хванг Хе Чан и Лаинер.
Ристовски и Спортинг Лисабон не успеаа да ја надополнат предноста на Атлетико Мадрид од првиот натпревар. Атлетико во Мадрид славеше со 2:0, а во Лисабон денес Португалците запишаа победа од 1:0, стрелец беше Монтеро. Ристовски во 29 минута натпреварот заработи жолт картон.
Арсенал одигра 2:2 против ЦСКА во Русија и поради победата од 4:1 во Лондон оди во полуфиналето.
Ждрепката за Лигата на Европа, како и Лигата на шампионите е веќе утре.