Дома Фудбал Останато Видео: Само еден ден подоцна „ископирани“ ножичките на Роналдо

Видео: Само еден ден подоцна „ископирани“ ножичките на Роналдо

Акробатскиот гол на Кристиано Роналдо кој го постигна во победата на Реал Мадрид против Јувентус од 3:0 деновиве е главна тема во европскиот фудбал.

Поради епските ножички и голот кој сигурно вечно ќе се памети му аплаудираа и навивачите на Јувентус и тоа сосема заслужено.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Но, само еден ден по голот на Роналдо еден фудбалер од Првата лига во Федерацијата – второ по ранг натпреварување во Босна и Херцеговина постигна сличен погодок.

Сепак, втората лига во БиХ не е четвртфинале во Лигата на шампионите, а ниту Антонио Видовиќ (стрелецот на голот) не е Кристиано Роналдо, па неговите навистина прекрасен гол не привлече толкаво внимание.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона го сака дефанзивецот на Јувентус

Барселона покажува интерес за бекот на Јувентус, Андреа Камбиазо, пренесуваат медиумите во…