На Интернационалниот куп во САД синоќа се одиграа три пријателски средби, кои само по себе беа многу атрактивни, а најголемо изненадување направи Манчестер Сити кој го декласираше Реал Мадрид со 4:1.
Барселона во Вашингтон го победи Манчестер Јунајтед со 1-0 и повторно херој за Каталонците беше Нејмар.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бразилецот е во центарот на вниманието поради неговиот трансфер во ПСЖ, но во меѓувреме блеска на теренот. Во 31. минута по невниманието на Валенсија, Нејмар украде и ја погоди мрежата на Манчестер Јунајтед, што се испостави како конечен резултат.
Во Лос Анџелес Манчестер Сити го декласираше Реал Мадрид со 4:1. Двата тима излегоа со силни состави, „кралевите“ беа Роналдо и Рамос, а од другата страна дебитираше Вокер.
Во првото полувреме мрежите мируваа, а потоа следеше голеада на „граѓаните“. Најпрво погоди Отаменди, а потоа Стерлин, Стоунс и младиот Диаз. Поразот го ублажи младиот Оскар со прекрасен гол.