Вардар е старо-новиот освојувач на СЕХА-лигата, откако во големото финале во С.Ц. Јане Сандански успеа да го победи тимот на ППД Загреб. Црвено-црните ја оправдаа фаворитската улога на завршниот турнир и ја завршија сезоната во ова натпреварување без ниту еден пораз. Тимот на СЕХА направи избор на најдобриот гол во големото финале, а тоа признание оди кај Тимур Дибиров, кој продолжува со своите атрактивни потези. Токму еден од неговите погодоци е избран за најдобар во финалето против Загреб.
Коментари