Манчестер Јунајтед дојде до голема победа во дербито против Челзи, а човек на одлука беше младиот Лингард.
Челзи подобро влезе во натпреварот и уште на самиот почеток Мората ја погоди пречката, а потоа се закани и Азар.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Во 32-та минута „сините“ преку една одлична контра стигнаа до предност откако Вилијам го матираше Де Геа. Меѓутоа радоста на гостите траеше само неколку минути, кога Лукаку израмни на 1:1.
Во 75-та минута „црвените ѓаволи“ стигнаа до комплетен пресврт преку Џеси Лингард кој постигна гол со глава по асистенција на Лукаку.