Дома Фудбал Репрезентации ВИДЕО: Лихтенштајн испратен со четири „парчиња“, Македонија на чекор од плејофот за ЕП 2020!

ВИДЕО: Лихтенштајн испратен со четири „парчиња“, Македонија на чекор од плејофот за ЕП 2020!

Maкедонија вечерва го одигра третиот натпревар во Лигата на Нации во кој ја оправда фаворитската улога и го задржа максималниот учинок во групата во која сме фаворити.

Избраниците на Игор Ангеловски денес со 4:1 беа подобри од аутсајдерот Лихтенштајн.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Македонија рано, во 10-тата минута после одличната асистенција од Пандев и реализацијата на Александар Трајковски стигна до водство од 1:0. После погодокот нашата селекција продолжи со сигурната игра и создавањето шанси пред противничкиот гол.

За нов погодок се чекаше до 30-тата минута кога повторно во главна улога беше тандемот Пандев – Трајковски. Капитенот повторно беше асистент, а Трајковски стигна до вториот погодок. Само шест минути подоцна Пандев и самиот се запиша во листата стрелци.

Единствениот погодок гостите го постигнаа една минута подоцна кога грешката на Муслиу ја искористи Јилдиз за намалување на 3:1, резултат со кој се замина на полувреме.

Во вториот дел одново гледавме сигурна игра, а точка на натпреварот стави Егизијан Алиоски во 68-тата минута со одличниот соло продор.

После оваа победа Македонија се зацврстува на првата позиција со девет освоени бодови и во следните три натпревари потребни ни се уште четири бодови за пласман во плејофот од Лигата на Нации.

https://www.facebook.com/SportisimoMakedonisimo/videos/2182044928732160/

https://www.facebook.com/SportisimoMakedonisimo/videos/487143511787526/

https://www.facebook.com/SportisimoMakedonisimo/videos/280324672585762/

 

https://www.facebook.com/SportisimoMakedonisimo/videos/1919360881477576/

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Јакуб Кивиор ја напушта Арсенал, но би можел да остане во Лондон?

Заминувањето на Јакуб Кивиор од Арсенал ќе биде веројатно еден од очекуваните настани во л…