Дома Фудбал Италија (Видео) Кротоне не знае за погодок, Интер перфектен, стрелаа Скриниар и Перишиќ!

(Видео) Кротоне не знае за погодок, Интер перфектен, стрелаа Скриниар и Перишиќ!

Кротоне и Интер со денешниот натпревар од 15:00 часот го отворија четвртото коло од италијанската Серија А, а славеа гостите од Милано со минимален резултат од 0:2.

Спалети и Интер со оваа победа го продолжуваат максималниот учинок во новата сезона, „нероаѕурите“ до овој момент имаат четири победи од исто толку натпревари.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Погодоците за Интер ги постигнаа новото засилување Милан Скриниар на осум минути пред истекот на регуларните 90 и Иван Перишиќ во третата минута од судиското продолжение.. За Кротоне ова беше трет пораз во новата сезона, а тие се и единствениот тим во Серија А кој сеуште нема постигнато гол, додека Интер, заедно со Торино кој својот натпревар од четвртото коло го игра утре ја има најдобрата одбрана со само еден примен погодок.

Во следното коло Интер гостува кај Болоња, додека Кротоне оди на натпревар во Бергамо против одличната Аталанта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Епска драма на „Олд Трафорд“ – девет голови и триумф на Јунајтед над Лион со голови во 120. и 121. минута (Видео)

Вечерва Манчестер јунајтед и Лион одиграа натпревар за аналите и фудбалската историја во р…